Тимот на Беневенто денес конечно го освои првиот бод во Серија А и тоа на неверојатен начин.
Голманот, Алберто Брињоли во судиското продолжение успеа да ја погоди мрежата на својот колега на спротивната страна и така стана херој на тимот кој е на последното место на табелата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сеуште не можам да поверувам што се случи. Добивме прекин, а од клупата ми довикуваа да одам во шеснаесетникот. Кога топката дојде до мене, само скокнав и ги затворив очите, кога видов дека заврши во мрежата не знаев што да правам во тој момент. Ова е награда за натпреварите кои ги изгубивме во судиското продолжение. Среќен сум што ги израдувавме нашите навивачи кои секогаш се со нас“, изјави херојот Брињоли.
Иначе, Брињоли во Беневенто настапува како позајмен фудбалер од екипата на Јувентус.