Дома Трансфер зона Чистка во Челзи: Шест фудбалери ги спакуваа куферите

Чистка во Челзи: Шест фудбалери ги спакуваа куферите

Раководството на Челзи спрема голема „чистка“ ова лето и е спремно да се раздели со шест фудбалери, пренесуваат англиските медиуми.

Станува збор за напаѓачот Мичу Батчуаи, Виктор Мозес, Мани Дринквотер, Тиму Бакајоко, Давиде Запакоста и Емерсон Палмери.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Овие фудбалери не влегуваат повеќе во плановите на тренерот Лампард, па „сините“ ќе се обидат да ги продадат и да заработат од нивното заминување.

Со нивната продажба Челзи сака да финансира дел од летнатите трансфери, а на листата желби се Тимо Вернер, Бен Чилвел и Каи Хаверц.

Челзи планира да добие околу 25 милиони фунти за Бакајоко, 15 милиони за Батчуаи, 20 милиони за Емерсон и околу 10 милиони за Моузес.

На Запакоста и Дринквотер ова лето им истекува договорот па ќе го напуштат клубот како слободни агенти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ го сака Рашфорд, му нуди трампа на Јунајтед

Луис Енрике сака да го засили нападот во зимскиот преоден рок, а прва желба е ѕвездата на …