Познатиот чешки фудбалер ги изненади сите со своето денешно признание дека е хомосексуалец.
Репрезентативецот на Чешка, Јакуб Јанкто јавно во видео изјава на својот Инстаграм профил соопшти дека е геј. Во овој момент тој настапува за Спарта Прага како позајмен играч од шпански Гетафе.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Здраво, јас сум Јакуб Јанкто. Како и сите други имам добри и лоши страни. Имам семејство. Имам пријатели, ја имам најдобрата работа која ја работам професионално и страствено со многу сериозност. Како и сите други, така и јас сакам да живеам слободно. Без стравови, предрасуди и насилство. Јас сум хомосексуалец и не сакам повеќе да се кријам“, зборува чешкиот интернационалец во видеото.
И во минатото имаше случаи фудбалери да се декларираат како хомосексуалци, но тоа во главно го правеа откако ќе им завршеше кариерата. Јанкто дефинитивно е најзвучното име кое признава дека е хомосекусалец и тоа на само 27 години.
За репрезентацијата на Чешка, Јанкто одигра 45 натпревари.