Дома Трансфер зона Челзи се враќа по човекот кого Јувентус го означи како „недопирлив“

Челзи се враќа по човекот кого Јувентус го означи како „недопирлив“

sandro

Eкипата на Челзи во текот на летниот преоден рок правеше големи напори да го доведе фудбалерот на Јувентус, Алекс Сандро, но сепак „старата дама“ не попушти.

Како што денес пренесуваат англиските и италијанските меидуми, Челзи не се откажал од Сандро и е спремен да го доведе во зимскиот преоден рок.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Да потсетиме, Челзи во изминатиот преоден рок испрати понуда за услугите на Бразилецот вредна 70 милиони евра, но сепак Јувентус истата ја одби.

Наводно, сега работите се промениле и Сандро повеќе не е „недопирлив“, а како причина се наведуваат настапите во последно време кои Бразилецот ги прикажува и се под неговото ниво.

Сандро во текот на летото 2015 пристигна во Јувентус од редовите на Порто за сума од 26 милиони евра. Договорот со Јувентус го врзува до 2020 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…