Јасно е дека Антонио Конте ќе го напушти Челзи по завршувањето на ФА Купот, но се уште не е јасно кој ќе биде новиот кормилар на „Стенфорд Бриџ“.
И понатаму се споменува Луис Енрике како прва опција. Абрамович го сака Покетино, но тоа е тешка мисија бидејќи Тотенхем ќе направи се за да го задржи Аргентинецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа во Челзи не губат време и веќе спремија список на потенцијални засилувања. На листата има имиња и алтернативи, па новиот тренер би требало да избере.
Веќе се знае дека најголеми желби се Марсијал од Манчестер Јунајтед и Жан Мишел Сари од Ница и со нив двајца се веќе познати преговорите.
Мета е и Иско, но тоа е скоро „невозможна мисија“. Доколку Реал се одлучи да го продаде Шпанецот тој сигурно ќе избере друг клуб бидејќи сака да игра во Лига на шампиони.
Сигурно ќе пристигне и нов напаѓач. Во Челзи се надеваат дека Пини Захави би можел да ја заврши работата и да им го донесе Роберт Левандовски.
На листата се уште Тоби Алдервајлед од Тотенхем како и Арон Рамзи од Арсенал.