Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Кристал Палас, Вилфред Заха и веќе спремил примамлива понуда.
Имено, „сините“ се спремни да крилниот напаѓач да понудат 30 милиони фунти плус услугите на Дени Дринквотер.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Тотенхем се обидуваше да го ангажира 25-годишниот играч во последните две години, но „спарси“ не беа спремни да ги задоволат финансиските барања на Кристал Палас.
Сега се чека одговор од страна на Кристал Палас, а „Сан“ тврди дека голема е веројатноста понудата да биде прифатена бидејќи клубот е заинтересиран за Дринквотер.
Притоа, самиот Вилфред Заха инсистира да му биде дозволен трансфер на „Стенфорд Бриџ“.