Дома Фудбал Англија Челзи за да го доведе Потер срушил рекорд во Премиер лигата

Челзи за да го доведе Потер срушил рекорд во Премиер лигата

Кога Грем Потер пристигна во Челзи англиските медиуми објавија дека „сините“ платила оштета од 22.5 милиони евра за стратегот на Брајтон да се пресели во Лондон.

Но, откако Брајтон во текот на вчерашниот ден го објави финанискиот извештај стана јасно дека лондонскиот клуб платил поголема сума. Според објавените информации, Челзи на Брајтон му платил сума од 24.3 милиони евра.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Оваа сума е рекорд во Премиер лигата, но и втора рекордна оштета за еден тренер. На врвот е Јулијан Нагелсман за кого Баерн Минхен плати 25 милиони евра кога го доведе од Лајпциг.

Засега и покрај рекордната оштета Потер не ги оправдува очекувањата. Клубот беше во криза и во овој момент е 10-ти на табелата, но за Челзи е добро што обезбеди четвртфинале во ЛШ каде што ги чека Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неверојатна трансформација: Фудбалерот на Баерн покажа како му изгледаат нозете пред повредата

Еден од најдобрите леви бекови во светот, Алфонсо Дејвис, се опоравува од сериозна повреда…