Дефанзивецот на Севиља и француски репрезентативец, Жил Кунде е еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот.
Постои огромен интерес за 22-годишниот дефанзивец, но шпанските медиуми тврдат дека во моментов Челзи е фаворит за неговиот потпис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кунде пристигна во Севиља во 2019 година од Бордо за 25 милиони евра и се етаблираше во еден од најдобрите млади стопери во Европа.
И самиот истакна дека е спремен да направи чекор напред во кариерата, а интерес за него покај Челзи покажуваат уште Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Севиља за неговата слобода бара 60 милиони евра, а Челзи е фаворит за потписот и е спремен да ја плати таа сума.