Дома Трансфер зона Челзи го сака Стерлинг, тој бара гаранции

Челзи го сака Стерлинг, тој бара гаранции

Челзи се приклучи во трката за ѕвездата на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, пренесуваат англиските медиуми.

Стерлинг го изгуби местото помеѓу стартерите кај Гвардиола, јавно го изрази своето незадоволство размислува да си замине од „Етихад“.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Договорот на Стерлинг истекува следното лето, а преговорите за продолжување на соработката се во застој.

Сити нема намера да дозволи Стерлинг да замине како слободен агент и поради тоа е спремен да го продаде ова лето, а неколку европски клубови веќе ја почнаа трката за неговиот потпис.

Челзи е спремен да плати 60 милиони евра за неговиот потпис, но „Дејли Мејл“ открива дека Стерлинг бара ганарнии. Имено, тој побарал од Тухел гаранции дека ќе биде во стартниот тим и дека Челзи ќе биде конкурентен за да се бори за титулата во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…