Според последните информации Челзи е на добар пат да го доведе напаѓачот на Барселона, Марк Гујо.
Клазулата на фудбалерот на 18-годишниот фудбалер на Барселона изнесува шест милиони евра, но тоа не е проблем за „сините“ кои би можеле веднаш да ја платат оваа сума.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Преговорите во овој момент се водат, а Гују според последните информации е исто така расположен да ја промени средината и да се пресели во Англија. Барселона му доставила понуда за нов договор, но напаѓачот се уште не одговорил.
Гују е продукт на Ла Масија од 2021 година, а минатата сезона дебитираше во за првиот тим во натпреварот против Атлетик Билбао и во тој натпревар го постигна победничкиот гол за каталонскиот гигант.