Oд редовите на Челзи испратиле богата понуда до Антонио Конте со цел да го преземе тимот и да го наследи Маурисио Покетино на кого не му оди. Челзи во овој момент деветти клуб во англискиот шампионат и очекувањата се да има промена на тренерската клупа.
Конте, кој исто така е желба и на Милан и Наполи, го водеше Челзи од 2016 до 2018 година и со него ја прослави титулата во Премиер лигата во сезоната 2016/17, а една година подоцна го подигна и пехарот наменет за најдобриот тим од ФА Купот. Меѓу останатите клубови со кои работеше Конте се Јувентус, Интер и Тотенхем, еден период беше и селектор на Италија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тотенхем беше неговиот последен клуб во неговата тренерска кариера. Тој минатата година го напушти со заедничка согласност, откако ги нарече играчите себични, а луѓето во раководството губитници.
„Истиот сопственик е тука 20 години и тие никогаш не освоиле ништо. Зошто? Дали е виновен клубот или секој менаџер кој е тука оттогаш?”,гласеше таа негова изјава.