Управата на Челзи има план во зимскиот трансфер период да доведе напаѓач од светска класа.
Менаџерот на „сините“, Антонио Конте не е задоволен од работата на неговите напаѓачи, па се обиде да го пронајде своето решение во својата татковина.
Имено, поранешниот тренер на Јувентус има голема желба во јануари на „Стемфорд Бриџ“ да го доведе Мауро Икарди. По пишувањето на некои италијански медиуми, Челзи е подготвен да понуди 100 милиони евра за трансферот на фудбалерот на Интер.
Мауро Икарди за сега има одлична сезона, на 12 натпревари постигна 11 гола и запиша една аситенција. Со можен трансфер не треба да го заборавиме фактот дека популарниот „Маурито“ има само 24 години.
Челзи моментално е на четвртото место на табелата со 22 бода, дури девет помалку од првопласираниот Манчестер Сити.