Италијанскиот тренер Чезаре Прандели пронајде нова работа.
Италијанецот последен пат седеше на клупата на Валенсија во декември 2016 година, а денес потпиша договор со екипата на Ал Наср од Дубаи.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Овој 59 годишен стручњак ќе седне на клупата на клубот од УАЕ на почетокот на наредната сезона. Прес конференцијата по повод неговиот ангажман ќе биде одржанa утре и тогаш ќе бидат познати повеќе детали.
Да потсетиме, Прандели во текот на кариерата помеѓу останатите беше тренер на Фиорентина и Галатасарај, а беше селектор и на Италија со која стигна до финалето на Европското првенство во 2012 година.