Дома Фудбал Италија Чалханоглу се пофали: Јас сум најдобриот во светот!

Чалханоглу се пофали: Јас сум најдобриот во светот!

Хакан Чалханоглу се смета себеси за најдобар фудбалер на својата позиција, зад себе ги подреди Родри, Крос, Кимих, Енцо Фернандез…

Симоне Инзаги во редовите на Интер одлучи да му додели нова улога на Чалханоглу, турскиот фудбалер започна да игра нешто поповлечено во средниот ред и да ги креира акциите од својата половина.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тој потег се покажа како полн погодок бидејќи Чалханоглу почна да прикажува одлични настапи.

„Претходно изјавив дека сум помеѓу најдобрите на мојата позиција, но никој не веруваше. Сепак, јас секогаш верувам и знам со каков квалитет располагам, не се плашам од ништо“.

Во следното прашање тој доби задача да ги подреди најдобрите на неговата позиција и воопшто не беше скромен.

„Чалханоглу е број еден, па потоа: Родри, Крос, Кимих, Енцо Фернандез..ретко кој постигнува голови како мене. Постигнувам голови од далечина и слободни удари“, истакна Чалханоглу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јунајтед избегна срам, па се пласира во финалето на ФА

Манчестер Јунајтед на драматичен начин после изведување на пенали го елининира Ковентри и …