Дома Фудбал Италија Чалханоглу му испрати порака на Кеси: Интер е на нивото на Барселона

Чалханоглу му испрати порака на Кеси: Интер е на нивото на Барселона


Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓



Плејмејкерот на Интер, Хакан Чалханоглу во интервју за „Газета дело Спорт“ зборуваше за можноста повторно да игра во ист тим со Франк Кеси.

Кеси минатото лето го напушти Милан и како слободен агент, но не е задоволен од третманот што го има во Барселона каде добива мала минутажа и главно е на клупата за резерви.

Поради тоа се шпекулира дека може да се врати во Серија А, а силен интерес за него покажува Интер.

Чалханоглу призна дека често разговара со Кеси и му порача да му се придружи во Интер.

„Кеси е мој пријател и често разговараме. Тој е фантастичен фудбалер и номално дека би сакал да играме заедно во Интер. Можам да му порачам дека Интер е на нивото на Барселона“, изјави Чалханоглу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Чави откри кога Меси ќе донесе одлука каде да продолжи

Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓ Tренерот на Пари Се…