Дома Фудбал Чави ја одби Барселона, но клубот веќе започна преговори со тренерот кој долго го посакуваат

Чави ја одби Барселона, но клубот веќе започна преговори со тренерот кој долго го посакуваат

Шпанските медиуми вчера објавија дека легендарниот Чави ќе биде нов тренер на Барселона, но сега е јасно дека тоа нема да се случи.

Челниците на Барса веќе неколку дена се наоѓаат во Доха обидувајќи се да го убедат Чави да се врати на „Камп Ноу“ како тренер, но легендарниот фудбалер на каталонскиот клуб го одби тоа и рече дека едноставно смета дека не е вистинско време за таков чекор.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


И покрај фактот што Чави нема да ја предводи Барселона, од клубот не се откажуваат од потрагата по нов тренер. Мундо Депортиво утрово објави дека Ернесто Валверде најверојатно ќе биде отпуштен денеска по завршувањето на состанокот на клупскиот менаџмент.

Барселона не му врачи отказ на Валверде бидејќи прво сака да најде негова замена, а доколку тоа не успеат да го направат тогаш шпанскиот стручњак ќе остане на клупата до крајот на сезоната.

Но, откако беа одбиени од Чави, челниците на Барса започнаа преговори со новите два кандидати, Маурисио Покетино и Кике Сетјен, кој се чини дека е крајната опција за Каталонците.

Барса ќе се обиде да го убеди Покетино да го преземе овој тим, иако тој повеќе пати изјави дека е тешко тоа да се оствари затоа што порано го носеше дресот на градскиот ривал Еспањол и беше во тимот четири години.

Сепак, Аргентинецот е без работа веќе некое време после отказот од Тотенхем и сигурно дека повикот од Барселона е примамлив. Меѓутоа, денеска би требало да биде познато дали Валверде ќе остане тренер на Барса, а потоа ќе се знае и одговорот од Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Украина го прогласи за предавник, но судот му ги врати титулите на Тимошчук

Анатолиј Тимошчук доби статус на предавник во Украина иако беше фудбалска легенда на оваа …