Дома Фудбал Чави: Се подготвувам да ја водам Барселона

Чави: Се подготвувам да ја водам Барселона

Легендата на Барселона, Чави Ернандес не ја крие желбата еден ден да се врати на „Камп Ноу“ како тренер.

40-годишниот тренер на Ал Сад во јануари одби да седне на клупата на Барселона, но сега тврди дека е подготвен да седне на „жешкото“ столче на „Камп Ноу“.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


„Најголем сон ми е да станам тренер на Барса и да ја вратам Барса на победнички патеки. Не јас да се вратам на победите, туку овие играчи и Барса да победуваат. Па затоа јас и мојот тим се подготвуваме за клупата на Барса и тоа не прави возбудени“, истакна Чави.

„Кажав во неколку наврати, сакам моќ да носам фудбалски одлуки. Јасно е дека по изборите ќе има терен за вакво сценарио. Не отфрлам ништо. Во јануари тајмингот и околностите не беа добри, се надевам дека наскоро ќе имам нова шанса“, додаде легендата на Барса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета воведе практика која ги чини играчите на Арсенал илјадници фунти.

Микел Артета стана шеф на стручниот штаб на Арсенал уште во далечната 2019 година. Шпанецо…