Тренерот на Барселона е презадоволен од настапот на неговиот тим на гостувањето кај ПСЖ, истакна неколку свои фудбалери, но вели дека ништо не е готово.
„Голема победа на тешко гостување во Лигата на шампионите. Игравме добро. Добро се браневме и добро напаѓавме. Тактички одигравме многу добро. Тие сменија многу играчи во продолжение, а ние одлично го чувавме Мбапе. Создадовме многу шанси, а Рафиња и Левандовски ја направија разликата. Многу ни помогна и Педри. Многу сум среќен и горд на тимот“, изјави тренерот на Барса, Чави Ернандез на прес-конференцијата по натпреварот и додаде:
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Среќен сум и за Кристиенсен за третиот гол. Голема победа, но ова е само половина работа. Натпреварот во Барселона ќе биде тежок. ПСЖ е еден од најдобрите тимови во светот.
Чави беше особено воодушевен од децата на Барса Јамал, Кубарси и Фермин Лопез.
“Мораме да бидеме особено горди на нив. Тие се играчи кои доаѓаат од Ла Масија и затоа се уште повеќе посветени на тимот. Среќен сум бидејќи ова е нова Барса. Тимот е на вистинскиот пат.”