Дома Фудбал Останато Чави го избра најдобриот играч за врска во светот

Чави го избра најдобриот играч за врска во светот

Легендарниот фудбалер на Барселона, а денес успешен менаџер во катарскиот Ал Сад, Чави Ернандез го избра најдобриот играч за врска во овој момент.

Човекот кој со своите игри го воодушеви фудбалскиот свет го избра Кевин Де Брујн за најдобар. За него Чави зборуваше со избрани зборови.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Де Брујн ми изгледа како едно ниво над сите на неговата позиција. Способен е да направи разлика. Во овој момент сигурно е најдобар играч за врска и уште е релативно млад“.

Чави нема дилеми кој е најдобар тренер во светот.

„Немам дилеми, Пеп е најдобриот. Тој го промени фудбалот, одличен е во тоа што го прави и има лидерски способности“, изјави Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Хит напаѓачот на Реал дозна каква иднина го чека. Одлуката е донесена.

РЕАЛ МАДРИД ќе игра во полуфиналето на Светското клупско првенство, а за тоа големи заслуг…