Дома Фудбал Останато Чаби Алонсо за првпат објасни зошто одлучил да остане во Леверкузен

Чаби Алонсо за првпат објасни зошто одлучил да остане во Леверкузен

Чаби Алонсо веројатно беше најпосакуваниот тренер помеѓу европските клубови до моментот кога соопшти дека ќе остане во Леверкузен и наредната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанскиот стратег најмногу се поврзуваше со Баерн Минхен и Ливерпул, но на крајот се одлучи да не го напушти тимот со кој сезонава ќе триумфира во Бундеслигата и игра во финале во германскиот куп, исто така се и во четвртфиналето од Лигата на Европа.

Сега за првпат ЧАлонсо објасни зошто се одлучил да остане.

„Има повеќе причини. Водам тим кој создава вистински тимски дух, има и многу играчи поради кои сакам да останам. Играчите се број еден магнет. Се чувствувам како дел од клубот и сакам да продолжиме заедно. Едноставно не сметав дека е време да заминам“, изјави Алонсо.

Леверкузен вечерва во рамките од четвртфиналето во Лигата Европа на свој терен ќе игра против англиски Вест Хем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Најдобриот играч на Парагвај прв во историјата доби црвен картон со новото правило на ФИФА

Врвниот фудбалер на Парагвај, Мигел Алмирон, стана првиот играч кој во историјата доби црв…