Дома Фудбал Останато Циркус во Копа Либертадорес: Поранешниот играч на Валенсија ќе мора да брани вечерва за Ривер!

Циркус во Копа Либертадорес: Поранешниот играч на Валенсија ќе мора да брани вечерва за Ривер!

Ноќеска два часа по полноќ Ривер ќе го пречека Санта Фе во 5. коло од Копа Либертадорес.

Тренерот Гаљардо пред овој натпревар е во големи проблеми затоа што дури 25 играчи на клубот се во изолација поради ковид-19. Ривер едвај собра 12 играчи (двајца не се опоравени од повреди), а најголем проблем е што во тие 12 играчи нема ниту еден голман. Клубот бараше дополнително да регистрира голман, но КОНМЕБОЛ го одби нивното барање.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


КОНМЕБОЛ пред стартот на сезона свесни дека може да дојде до ваква ситуација им дозволија на клубовите да пријават дури 50 фудбалери место 25. Во Ривер изгледа не веруваа во сценариото кое сега им се случува па пријавија 32 фудбалери.

Медиумите во Аргентина тврдат дека вечер скоро сигурно на голот на Ривер ќе застане Енцо Перез. Тој се повреди и не требаше да биде во конкуренција за овој натпревар, но сега изгледа ќе мора да помогне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Почнува нокаут-фазата на Лигата на шампионите, Сити и Реал го играат дербито

Денес почнува нокаут-фазата на Лигата на шампионите. Според новиот систем на натпреварувањ…