Дома Фудбал Хрватска се надева на ЕП, место веќе обезбедија седум репрезентации

Хрватска се надева на ЕП, место веќе обезбедија седум репрезентации

Ушти три репрезентации синоќа обезбедија пласман на Европското првенство во 2024 година кое ќе се одржи во Германија.

Со победата од 4:0 на домашен терен против Летонија во Коња, Турција обезбеди едно од првите две места во групата Д, во која игра и Хрватска, додека Шпанија со победата од 1:0 на гостувањето кај Норвешка во Осло, ги реши сите недоумици во групата А, каде пласманот на ЕП го обзебеди и Шкотска.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Сега се познати седум учесници на Европското првенство. Заедно со домаќинот Германија и Турција, Шпанија и Шкотска, кои го направија тоа вчера, Франција, Белгија и Португалија се пласираа на ЕП во петок.

Да потсетиме и Хрватска во овој дел од квалификациите имаше шанса да се пласира на ЕП. Наместо тоа, со поразите од Турција и Велс, си ја искомплицира ситуацијата во групата и падна на третото место на рангирањето.

Доколку остане таму и по преостанатите два натпревари, односно по натпреварите со Летонија и Ерменија, ќе се обиде да стигне до еврото преку дополнителни квалификации.

Репрезентации кои се пласираа на ЕП:

  1. Германија (домаќин)
  2. Шпанија
  3. Шкотска
  4. Португалија
  5. Белгија
  6. Франција
  7. Турција
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија вечерва против Велс во обид да избори бараж за СП

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Кардиф го игра решавачкиот натпревар прот…