Дома Фудбал Останато Хрватот останува: Јувентус ја зголемува платата на Манџукиќ

Хрватот останува: Јувентус ја зголемува платата на Манџукиќ

Хрватскиот репрезентативец, Марио Манџукиќ оваа сезона е еден од најважните играчи на „Старата дама“, која се уште е во игра за освојување на тројна круна.

Иако во последните месеци многу се зборуваше за неговото заминување од Торино, изгледа дека Манџукиќ сепак ќе остане во Јувентус, кој му нуди нов договор.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Јуве сака да го продолжи договорот со Манџукиќ до 2020. година, што е една година повеќе од сегашниот договор, а освен тоа, Хрватот би добил и поголема плата. Наместо сегашните 3,5 милиони евра, Манџукиќ со новиот договор би требало да заработува 5 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите.

Марио Манџукиќ (30) долго време се сметаше за класичен напаѓач, но под водство на Масимилијано Алегри доби нова улога во Јувентус и во текот на речиси целата сезона играше на левото крило, каде што совршено се прилагоди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…