Дома Останати Ракомет Хрватот кој го напушти Еурофарм: Зборот на Лазаров во Македонија е поголем од оној на претседателот

Хрватот кој го напушти Еурофарм: Зборот на Лазаров во Македонија е поголем од оној на претседателот

Ловро Јотиќ беше еден од најдобрите ракометари на Еурофарм Пелистер, меѓутоа Хрватот го напушти битолскиот клуб и се пресели во Бенфика.

Од кога си замина Јотиќ во медиумите во неговата татковина зборуваше за искуството кај нас, помеѓу другото го спомена и Кирил Лазаров.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Македонија е земја во која сите го сакаат ракометот. Таму навистина се сака и се следи овој спорт, имаат големи успеси и навивачите се фанатици. Кирил Лазаров е вистинска легенда, луѓето на шега велат дека зборот на Кире е поголем од претседателот на Македонија. Ќе направам една споредба, тоа што Лука Модриќ е кај нас нешто слично е Лазаров во Македонија, иако не можам да споредам затоа што Хрватска има повеќе успешни спортисти“, изјави Јотиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Одржан состанок: Македонија ќе игра во регионална лига со Србија и Црна Гора – почнува од септември!

Претставници на ракометните федерации на Србија, Македонија и Црна Гора одржаа заеднички с…