Дома Фудбал Останато Хрватите го слават Адеми, а тој им порача: Не жалам за Хрватска, Македонија е моја земја!

Хрватите го слават Адеми, а тој им порача: Не жалам за Хрватска, Македонија е моја земја!

Хрватските медиуми го слават Арјан Адеми после бодот на Динамо против Шахтјор во Украина.

Адеми одново ги освои Хрватите. Македонскиот фудбалер се повреди во натпреварот помеѓу Македонија и Словенија. Се врати во Загреб со оток на зглобот. Од самиот почеток тој беше оптимист и порача дека ќе направи се за да игра во Украина и тоа и се случи.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Не стануваше збор за скршеница, но имаше истегување. Со цел Адеми да биде спремен одеше на две терапии дневно, тоа беше единствената надеж. На терпаија знаеше да биде и по седум часа дневно и се тоа за да биде спремен, пишуваат медиумите во Хрватска.

Првиот тренинг го одработи во неделата ,а два дена подоцна како капитен го предводеше Динамо до голем бод во Украина. Адеми е вистински лидер на овој тим во секоја смисла на зборот. Издржа на теренот 68 минути и секоја чест за тоа.

Новинарите после натпреварот го запрашаа Адеми дали жали што ја избрал Македонија, а не Хрватска.

„Не, воопшто. Македонија е мојата земја, моето семејство доаѓа од таму и за неа играм со многу љубов. Хрватска навистина ми даде многу, но тогаш јас не и требав, а не и требам и денес затоа што во репрезентацијата има осум одлични фудбалери за врска. Нема тука нешто нејасно и немам зошто да жалам“, изјави Адеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

От Манчестер Јунајтед подготвуваат трета понуда за Мбемо, се очекува зделката да биде завршена оваа недела

Раководството на Манчестер Јунајтед подготвува трета официјална понуда кон Брентфорд за Бр…