Дома Фудбал Англија ХОРОР во таборот на Челзи: Антонио Конте губи двајца клучни играчи и тоа на тренинг

ХОРОР во таборот на Челзи: Антонио Конте губи двајца клучни играчи и тоа на тренинг

Според извештаите од Англија, Антонио Конте го чекаат нови проблеми во составување на екипата.

Имено, порано денес на тренингот на „Плавите“, кој беше организиран за играчите кои не отпатуваа со своите репрезентации, повреда доживеа Давид Луиз.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Тој по еден удар заврши на тревата, не е познато колку е сериозна повредата и колку Бразилецот би можел да отсуствува поради неа, но секако има причина за грижа.

Втората лоша вест, се случи исто така на тренингот, е дека незгода доживеал и Бакајоко.

Французинот кој стигна од Монако имаше проблеми со повредите оваа сезона, а сега се сруши на тренингот, додека работел на индовидуална програма.

Како и во случајот со Луиз, проценката на повредата се уште не е објавена во медиумите, но секако загрижувачки се ваквите информации за двајца клучни играчи на „Плавите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неверојатно: Малку фалело луѓето во Барселона да се откажат од Јамал – чудно им одел!

Денес Ламин Јамал е глобална фудбалска ѕвезда, чиј пат до врвот беше блескав. Малку се зна…