Дома Останати Ракомет Хорват за потписот со Металург: Ми се допадна проектот и сакав нешто ново

Хорват за потписот со Металург: Ми се допадна проектот и сакав нешто ново

Капитенот и легендата на ППД Загреб, Златко Хорват (35) ја изненади ракометната јавност со одлуката кариерата да ја продолжи во Автокоманда во редовите на Металург.

Долги 25 години беше во клубот, ги помина сите младински категории на загребскиот клуб. Сепак сега се одлучи за нешто ново.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Беше тешко да се донесе ваква одлука. Преговарав со Загреб, но се појави короната. Паднаа финансиите и сакав да пробам нешто ново. Дојде понудата од Македонија и ми се допадна нивниот проект. Потпишав договор на една година“, изјави Хорват за „24сата.хр“.

Од одлуката на Хорват да потпише за Металург беше изненаден и Лино Червар, неговата изјава можете да ја прочитате – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Ги откажа своите поранешни соиграчи: Томовски имаше чудесно деби во новиот клуб!

Македонскиот голман Мартин Томовски имаше блескаво деби во дресот на Битигхајм, откако со …