Дома Трансфер зона Холандски репрезентативец пред трансфер во Ливерпул!

Холандски репрезентативец пред трансфер во Ливерпул!

Како што пренесуваат медиумите на Островот, холандскиот репрезентативец Квингсли Промес е пред трансфер на „Енфилд“ во јануарскиот преоден рок.

Промес се етаблираше во дресот на Спартак Москва, а тамошните медиуми тврдат дека веќе се простил со своите соиграчи и најавил трансфер во Премиер лигата.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Ливерпул бара засилување на таа позиција, па откако ја загуби битката за Јулијан Дрекслер се насочи кон ангажман на Холанѓанецот.

Поранешниот играч на Твенте може да игра на двете крилни позиции, но и како „лажба деветка“, па би бил идеална замена за Садио Мане кој ќе замине на Африканскиот куп на нации.

Медиумите сеуште не ги објавиле финансиските детали од трансферот, но „црвените“ за потписот на Промес би требало да платат околу 15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …