Дома Фудбал Хоакин Санчез заминува во пензија

Хоакин Санчез заминува во пензија

Хоакин Санчез на крајот од сезоната заминува во играчка пензија.


Србија многу најави, малку покажа - 9 ден ↓↓↓



Уште во 2001 година Хоакин заигра за првиот тим на Бетис, пред точно 20 години, а на свои 40 години одлучи да ја заврши кариерата. Хоакин Санчез, крилниот санчез кој го победуваше Реал Мадрид на „Бернабеу“ и кој беше најдобар фудбалер на репрезентацијата на Шпанија на Мундијалот во 2002 година и кој има голем талент да измами насмевка кај останатите.

Се сеќаваат многумина кога во едно негово телевизиски интервју крајно сериозно одговори дека обожава да игра тенис на што Жулио Баптиста „прсна“ од смеење. Потоа Хоакин се призна – „Јас не знам ниту како се користи еден рекет“.

Неговите фудбалски квалитети секако беа исто така добри, но секогаш истакнуваше дека забавата му е пред фудбалот. Поради тоа никогаш и не направи трансфер во клуб поголем од Валенсија.

Како 20-годишник го одби Жозе Мурињо, подоцна го сакаше и Реал Мадрид, но тој одлучи кариерата да ја кради во нешто помали клубови поради што има и голема почит. Играше за Бетис, Валенсија, Малага (кога овој клуб играше четвртфинале во ЛШ), Фиорентина и повторно Бетис. За репрезентацијата на Шпанија настапи на 51 натпревар и постигна четири гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хрватска со пресврт до убедлива победа 🎥

ЕКСКЛУЗИВНО: 50 БЕСПЛАТНИ СПИНОВИ БЕЗ ДЕПОЗИТ - РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА МОЦАРТ! Хрватската репре…