Дома Фудбал Останато Хименес откри кои два гиганти го сакале ова лето

Хименес откри кои два гиганти го сакале ова лето

Напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименес откри дека Јувентус и Манчестер Jунајтед биле силно заинтересирани за него ова лето.

Мексиканскиот напаѓач игра фантастично во дресот на Вулверхемптон, па на негова адреса пристигнале понуди од двата европски гиганти.

„Еден ден дознав дека Јувентус и Манчестер Јунајтед сакаа да ме купат. Знам дека имаше понуди и преговори. Сепак, не беше постигнат договор“, откри Хименес.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Среќен сум во Вулверхемптон. Нема ништо лошо во тоа да се биде таму каде што се чувствуваш добро. Екипата знае дека не сум задоволен од мојата форма и сакам да играм подобро“, додаде Хименес.

Оваа сезона Хименес одигра девет натпревари за Вулверхемптон на кои постигна четири гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Најавен е еден од најголемите трансфери некогаш: Реал Мадрид тргнува по ѕвездата на Барселона!

Шпанскиот новинар Сиро Лопез вечерва соопшти дека Реал Мадрид во летото 2027 година ќе трг…