Дома Видео Хименез промаши пенал после 21 реализирани во низа, но дали ВАР погреши?

Хименез промаши пенал после 21 реализирани во низа, но дали ВАР погреши?

Севиља со минимални 1:0 го победи Волвс и се пласира во полуфиналето на ЛЕ, меѓутоа овој натпревар можеше да отиде во друг правец.

При резултат 0:0 англискиот тим имаше пенал, меѓутоа Раул Хименез не се прослави, а ВАР технологијата го саботираше Мексиканецот.

Напаѓачот до синоќа имаше реализација од 21 пенали во низа, но синоќа на неговата серија и дојде крајот.

Хименез тргна да шутне, но Боно успеа да го одбрани неговиот удар. Сепак, прашање е дали мароканскиот голман стоеше на линијата.

Како што може да се види на насловната фотографија во прашање се сантиметри. Судијата Роки не доби никаква сигнализација од ВАР собата, па затоа и немаше одлука пеналот да биде повторно изведен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Урнебесно: Иско во борба сам со себе да ја стигне топката 🎥

Иско е миленик на Зинедин Зидан и веројатно тоа е главната причина зошто е се уште член на…