Интер Мајами неодамна го доведе Лионел Меси, а тоа предизвика голема еуфорија помеѓу навивачите, но посебно беше на оние кои се во клубот кој го предводи Дејвид Бекам.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Но, поради доаѓањето на Меси извесен Кристијан Саламанка кој работел како хигиеничар во клубот добил отказ. Имено, тој го забележал Меси во соблекувалната по еден од тренинзите и му побарал автограм.
Меси без проблем прифатил и се фотографирал со Саламанка, но проблемот за него дошол потоа. Во клубот одлучиле да го казнат и тоа со отказ поради вознемирување на Аргентинецот.
Сепак, Саламанка истакна дека би го повторил потегот без разлика на отказот, автограмот од Меси и фотографијата за него е исполнување на сонот.