Хесе Родригез некогаш важеше за голема надеж на шпанскиот фудбал, но неговата кариера е во голем пад.
Иако има само 25 години, Хесе во досегашната кариера не направи ништо, иако играше за Реал Мадрид и ПСЖ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Парижаните се обидоа да го оживеат со позајмици во Лас Палмас и Стоук, но и таму не се снајде најдобро, а приватните проблеми го уништуваа психички.
Последниот натпревар овој фудбалер го одигра пред година дена, но наскоро можеме повторно да го гледаме на зелените терени.
Хесе почна преговори со италијански Торино. Заинтересиран е за играње таму, но Биковите сакаат да се осигураат, односно бара од ПСЖ да ја плаќа 60% од неговата плата.
Одговор од францускиот тим се уште нема. Дали на крајот Хесе ќе се пресели во Серија А ќе видиме во наредните денови.