Дома Македонски спорт Мак ракомет Хероите пречекани на аеродром, се упатија кон преполниот плоштад!

Хероите пречекани на аеродром, се упатија кон преполниот плоштад!

Стотици навивачи ги пречекаа ракометарите на Вардар на скопскиот аеродром со скандирања, бакли и направија пеколна атмосфера.

Капитенот Стојанче Стоилов прв со пехарот ги поздрави навивачите, а потоа сите заедно со панорамски автобус се упатија кон плоштадот Македонија каде е спремен свечен пречек и прослава.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Плоштадот е преполн со илјадници фанови кои ги чекаат „црвено-црните“ херои да им приредат незаборавен пречек.

Фото: 1ТВ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…