Дома Фудбал Англија Хари Кејн после пропаднатиот трансфер: Совеста ми е чиста

Хари Кејн после пропаднатиот трансфер: Совеста ми е чиста

Хари Кејн остана во Тотенхем, иако цело лето се поврзуваше со трансфер во Манчестер Сити, но сега тврди дека совеста му е чиста.

Голгетрот на почетокот на летото јавно изрази желба да го напушти Тотенхем, цело време се поврзуваше со трансфер во Манчестер Сити, но на крајот двата клуба не успеаа да најдат заеднички јазик.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Кејн сакаше да заигра во клуб со поголеми амбиции, па навивачите му замерија за неговото однесување.

„Кажав и претходно дека навивачите имаат право на свое мислење. Но, очигледно е дека понекогаш не ја разбираат целата приказна околу тоа што се случува во позадина. Можам само да кажам дека имам чиста совест и дека единствено што треба да правам е да продолжам ја си ја вршам својата работа“, истакна Кејн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Од Интер ќе направат сé што е можно да го задржат Чалханоглу

Интер има намера да го задржи плејмејкерот Хакан Чалханоглу и е подготвен повторно да го с…