Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн јавно изрази желба да замине од клубот.
Англискиот репрезентативец сака да замине во клуб со кој ќе има шанси да освојува трофеи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, првиот човек на Спарси, Даниел Леви нема намера да го пушти Кејн да замине.
Гардијан пишува дека Леви јасно му порачал на Кејн дека нема шанси да го пушти без оглед на понудите.
Кејн има договор со Тотенхем до 2024. година, а во претходниот период се поврзуваше со Челси, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.
Хари Кејн во редовите на Спарси одигра 336 натпревари и постигна 221 погодок.