Лионел Меси е главна тема во целиот свет откако официјално побара раскин на договорот со Барселона и да го напушти клубот после цели 20 години.
Неговиот татко во средата имаше состанок со претседателот Бартомеу кој изгледа е најголемата причина за нездоволството на Меси. Многу детали во јавноста од тој состанок не излегоа, но сега конечно Меси се огласи со соопштение.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Целата јавност го очекуваше официјалниот став на фудбалот и се очекуваше дека ќе се изјасни дали останува во Барселона, а тој јавно ја нападна Ла Лига и изврши дополнителен притисок врз Барса.
Меси тврди дека откупната клаузула во неговиот договор од 700 милиони евра повеќе не е валидна и иронично ги прашува раководните луѓе од Ла Лига „кои документи тие ги разгледувале“.
Соопштението во целост:
„Хорхе Орацио Меси, татко и менаџер на фудбалерот Лионел Меси одговара на официјалното соопштение на Ла Лига издадено на 30 август 2020 година.
1. Не знаеме кој договор го анализирале и врз основа на кои факти заклучуваат дека Лионел Меси има „клаузула за раскин“, применлива во случај играчот да одлучи да ја искористи едностраната клаузула за да се ослободи, и дека таа важи само до крајот на сезоната 2019/20 година.
2. Ова е евидентна грешка на Ла Лига. Како што буквално укажува клаузулата 8.2.3.6 од договорот потпишан од играчот со клубот: „ова обештетување нема да важи ако играчот реши еднострано да го раскине договорот и таа одлука стапи на сила од крајот на сезоната 2019/2020.
Очигледно дека откупната клаузула од 700 милиони евра повеќе не е валидна“.
Messi a LaLiga: “Desconocemos qué contrato es el que han analizado” https://t.co/TM4z6U8Prr
— MARCA (@marca) September 4, 2020