Дома Фудбал Италија Хаос во Аталанта: Играчите се свртеа против тренерот

Хаос во Аталанта: Играчите се свртеа против тренерот

Аталанта денес го игра клучниот натпревар во Лигата на шампиони против Ајакс, но атмосферата во тимот е многу лоша, пренесуваат италијанските медиуми.

Имено, дошло до голем конфликт помеѓу тренерот Гасперини и првата ѕвезда Папу Гомез, па соблекувалната е моментално поделена.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Гасперини ги живее последните денови како менаџер на Аталанта и после вечерашниот меч најверојатно ќе си поднесе оставка.

Гасперини имал конфликт со Папу Гомез, а во негова одбрана застана и Иличиќ, па поголем дел од играчите ја загубиле довербата во тренерот.

Ова е навистина голем удат за Аталанта, која изминатите години токму под воство на Гасперини бележи одлични резултати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Енрике и ПСЖ со амбиции за трета победа по ред

ПСЖ се надева на трета победа по ред во Лига 1, со цел да се доближи до врвот на табелата.…