Дома Фудбал Лига на шампиони Хакими ја сруши храбрата Славија, Елмас одигра еден час во киксот на Наполи (ВИДЕО)

Хакими ја сруши храбрата Славија, Елмас одигра еден час во киксот на Наполи (ВИДЕО)

Oд 19:00 часот се одиграа првите натпревари од денешната програма во Лигата на шампионите.

Борусија Дортмунд потешко од очекуваното славеше против одличната Славија во Прага со резултат 0:2.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Иако Чесите немаа среќа при извлекувањето на групата во која се уште Барселона и Интер вечерва покажаа дека нема да се предадат лесно. Први се заканија гостите преку Санчо за потоа на спротивната страна да возврати Масопуст.

Во 35-тата минута следуваше вистинско шоу на Ашраф Хакими. Хакими после една одлична соло акција и претрчан скоро цел терен го издрибла и голманот и ја погоди мрежата.

Не се предаваа домаќините и создаваа шанси преку Кудела и Шевчик. Сите дилеми околу победникот беа отстранети кога Хакими во 89-тата минута стрелаше за 0:2.

Наполи не ја оправда улогата на фаворит во Белгија и против Генк одигра само 0:0. Во овој натпревар нашиот Елиф Елмас беше стартер и на теренот беше се до 57-та минута кога на негово место влезе Дрис Мертенс.

Елмас во овој натпревар на полувремето беше и играчот кој најмногу претрчал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Албанија може да биде казнета: УЕФА отвори истрага!

Поради однесувањето на навивачите пред, во текот и по натпреварот против Италија, УЕФА отв…