Македонија со вчерашната победа против Гибралтар ја обезбеди првата позиција во групата и така добивме прилика на домашен терен да го играме полуфиналето од Лигата на Нации.
Пред стартот на новоформираното натпреварување на УЕФА од ФФМ најавија дека репрезентативците ќе добијата премија од 350.000 евра за освојување на првата позиција во групата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сепак, после одличниот настап и петте победи во шест натпревари со одлична гол разлика ја натераа македонската куќа на фудбалот дополнително да ги мотивира фудбалерите.
Фудбалрите и стручниот табор за одличните настапи сега ќе добијат рекордна премија од – половина милион евра!
Нашиот противник во полуфиналето ќе биде познат денес, а се одлучува помеѓу Косово (доколку победи против Азербејџан), Белорусија (со нерешен резултат во Приштина) или Азербејџан (доколку слави против Косово).