Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО ФФМ бара казна за фудбалерот на Албанија Даку поради скандалозните скандирања 

ФФМ бара казна за фудбалерот на Албанија Даку поради скандалозните скандирања 

Албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку, по натпреварот со Хрватска, направи скандал и со мегафон ја поведе публиката да скандираат вулгарности против македонскиот народ.

Ваквото скандалозно однесување предизвика бура од реакции, па ФФМ побара јавно извинување од фудбалерот, а од таму наведуваат и дека за ваквото однесување испратиле и официјален допис до УЕФА.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Го повикуваме фудбалерот на Албанија, Мирлинд Даку, јавно да се извини за своето однесување, препознавајќи ја штетата што ја предизвика. Исто така, ги повикуваме релевантните институции да го истражат овој инцидент и да преземат соодветни дисциплински мерки за зајакнување на стандардите на однесување што се очекуваат од сите спортисти“, се вели во реакцијата на Македонската Фудбалска федерација. 

По скандирањата на публиката „убиј го Србинот“ што според српските медиуми едногласно било извикувано и од албанските, но и хрватските навивачи навивачи, Србија се закани со напуштање на првенството, доколку нема соодветни казни за сојузите на двете селекции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Трилер завршница, Јунајтед испушти победа во последна минута

Лион и Манчестер Јунајтед одиграа исклучително возбудлив натпревар кој на крајот заврши бе…