Дома Фудбал Останато Футсал: Македонија на чекор од финалните мундијалски квалификации!

Футсал: Македонија на чекор од финалните мундијалски квалификации!

Македонската футсал репрезентација вчера забележа важна победа против Шведска во претквалификациите за Светското првенство 2024. Во Скопје Швеѓаните беа победени со 3:1.

Македонија со триумфот остана на второто место кое води во финалните квалификации, меѓутоа за да останеме таму, Италија во последниот натпревар од групата на 9-ти март ќе мора да ја победи Шведска. Италијанците веќе го имаат обезбедено својот пласман во следната фаза.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Првото полувреме не донесе погодоци, а многу брзо во вториот дел со головите на Ранготов во 21-ва и 26-та минута поведоме со 2:0.

Се врати Шведска во игра со голот на Диаз во 30-тата минута. Сепак, нашите футсалци не дозволи изненадување и конечните 3:1 ги постави Леовски пред крајот на средбата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Томас Милер се израмни со Меси во Лигата на шампионите

Томас Милер започна како стартер за Баерн (Минхен) во 1/4-финалето од Лигата на шампионите…