Дома Фудбал Останато Фудбалските клубови тонат во долови, Ла Лига е лидер

Фудбалските клубови тонат во долови, Ла Лига е лидер

Тимовите од Топ 5 европските првенства должат вкупно 7,5 милијарди евра кон банки и 2,5 милијарди евра за интерни позајмици.

Најлоша е ситуацијата во Примера, каде шпанските клубови моментално должат 2,5 милијарди евра, додека долгот на Премиерлигашите изнесува 1,9 милијарди евра.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Што се однесува до Серија А клубовите на Апенините должат 1 милијарда и 68 милиони евра. Најголем долг има Интер – 390 милиони, па следува Рома со 271 милион и Јувентус со 223 милиони евра. Од најдобро стои Наполи кој нема воопшто долгови и Милан кој има долг од 71 милион евра.

Треба да се напомене дека Јувентус пред почетокот на сезоната имаше долг од 630 милиони евра, но со докапитализација внесе 400 милиони евра од сопствениците.

Најдобра е ситуацијата во германскиот фудбал, каде клубовите скоро и да немаат долгови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Да не ја одлучи овој момент првенството на Англија?

Арсенал синоќа со гол во самиот финиш дојде до победа против Евертон и на тој начин максим…