Дома Фудбал Англија Фудбалерот на Челзи го одби повикот на Саутгејт за настап во дресот на „Гордиот Албион“

Фудбалерот на Челзи го одби повикот на Саутгејт за настап во дресот на „Гордиот Албион“

Герет Саутгејт денес откри дека еден од фудбалерите го одбил неговиот повик во националниот тим.

Се работи за фудбалерот на Челзи, Дени Дринквотер, играчот од заден везен ред, кој на почетокот на оваа сезона замина од Лестер.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тој беше повреден, дури на 25. октомври заигра за првпат за Челзи оваа сезона, а во мечот против Манчестер Јунајтед доживеа нова повреда која не е сериозна.

Поради фактот дека не играше многу оваа сезона, тој сметаше дека некој друг треба да ја покрие неговата позиција на списокот.

„Разговарав со Дани на почетокот на оваа недела, истакна дека не е доволно подготвен да игра за репрезентацијата“, истакна Саутгејт, селекторот на „Гордиот Албион“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…