
Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓
Денес на стадионот во Ѓорче Петров се одигра финалето во женскиот фудбалски Куп на Македонија кое заврши со убедлива победа на Љуботен против Каменицца Саса со 4:0.
Актуелните фудбалски шампионки на Македонија и лидери во првенството за првпат во својата историја дојдоа до титулата во Купот на Македонија.
До победата тетовскиот тим дојде предводен од Бразилките во своите редови. Се започна со голот на Делгадо по 18 минути игра, а Гоја две минути подоцна ја зголеми предноста. За убедливи 3:0 се погрижи Едите Силва со голот во 51-та минута.
Конечните 4:0 ги постави Бојана Петкова по асистенцијата од Силва. Љуботен е блиску до титулата во првенството каде што имаат бод предност пред последните две кола во кои играат против Шкендија и Каменица Саса.