Дома Фудбал Лига на шампиони Фудбалерите на Порто и Монако ги загубија нервите: Тензично во Португалија, паднаа и црвени картони (ВИДЕО)

Фудбалерите на Порто и Монако ги загубија нервите: Тензично во Португалија, паднаа и црвени картони (ВИДЕО)

Порто на свој терен ја пречека екипата на Монако, а домашниот тим во првиот дел пружија импресивна претстава па имаа водство од 3:0.

Двата погодоци на Абоубакар и еден на Брахими беа доволни за убедливо водство на Порто на полувремето.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, првите 45 минути ги одбележа и судирот на играчите.

По еден старт на фудбалерот на Порто, Фелипе над Гезал, фудбалерот на Монако ги загуби нервите.

Најпрво дојде до вербални расправии, а потоа Гезал со рака го удри Фелипе кој не сакаше да остане должен, па се обиде да возврати.

Главниот арбитар одлучи на објацата да им го покаже патот до соблекувалната, па во 38. минута обете екипи останаа со десеттмина на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Фудбалски фан клубови го повикуваат Меси да ја бојкотира средбата со Ангола

ГРУПА НЕВЛАДИНИ организации побараa од аргентинската фудбалска репрезентација и Лионел Мес…