Aнтонио пред неколку дена доби отказ во Тотенхем, а сега „Дејли Мејл“ пренесува дека фудбалерите на „петлите“ биле шокирани од строгиот режим на Италијанецот.
Имено, фудбалерите пред секој натпревар морале да трчаат по два километри. Заминувањето на Конте дојде по жестоките критики кои тој ги испрати до фудбалерите и управата по ремито со Саутемптон (3:3).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите не биле задоволни од дефанзивниот пристап на Конте и сметале дека тимот може да биде многу повеќе опасен ако игра поофанзивно.
Сите биле шокирани од тоа што пред натпреварите требало да трчаат по два километри со што дополнително се изморувале и биле збунети од таквиот пристап на Италијанецот.
Се замерувало и на едноличноста на тренинзинте, наводно скоро секој тренинг бил ист и не се разликувал многу.