Кристиано Роналдо е фрустриран од трансфер политиката на Реал, особено поради фактот што клубот ова лего го напуштија неговите пријатели Пепе, Фабио Коентрао и Хамес Родригез.
Капитенот на „Кралевите“, Серхио Рамос не го дели неговото мислење, но тврди дека со Португалецот нема проблем, иако се пишуваше дека односите во соблекувалната се лоши.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Немаше ништо помеѓу Роналдо и мене. Отсекогаш сме добри пријатели. Имаме поинакво мислење, но гледаме во иста насока“, изјави Рамос за TVE.
Пред Реал е натпревар во Лигата на Шампионите против Борусија Дортмунд, по што ги чека Севиља, па Светското клупско првенство, а потоа и Ел Класико против Барселона на 23. декември.