Дома Фудбал Останато Француската легенда: Добро е Нејмар што се повреди, не можам да го гледам повеќе

Француската легенда: Добро е Нејмар што се повреди, не можам да го гледам повеќе

Кристоф Дугари, тврди дека ПСЖ подобро игра кога во тимот не е Нејмар и упати жестоки критики кон Бразилецот.

Тој тврди дека повредата на Нејмар е добра вест за клубот, но и за тренерот Галтие.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„За ПСЖ добра вест е повредата на Нејмар. Верувам дека тоа е неверојатна среќа за тренерот Галтие. Тимот има многу подобар биланс со пет играчи во одбраната, тројца во средниот ред и двајцата напаѓачи Лионел Меси – Килијан Мбапе”, изјави Дугари.

„Не можам веќе да го гледам. Не можам да го поднесам. Ме нервираат дури и неговите дриблинзи, неговиот став. Се изморив од него и не сакам повеќе да го гледам на терен. Без Нејмар, ПСЖ веројатно ќе игра поповлечено и на контра напади. Овој тим не е во состојба да контролира натпревар кога ќе загуби посед, тројцата напаѓачи не се враќаат во одбрана и тогаш тимот е во опасност“, додаде поранешниот француски репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Aрсенал не сака ништо да препушти на случајноста, Сака ќе добива рекорден договор!

Арсенал продложува со амбициозни планови за својата ѕвезда Букајо Сака (24), предлагajќи м…