Дома Фудбал Франција Француската легенда го советува Мбапе да замине од ПСЖ

Француската легенда го советува Мбапе да замине од ПСЖ

Поранешниот француски фудбалер Криштоф Дугари кажа дека Килијан Мбапе треба да си замине од ПСЖ.

Дугари смета дека Мбапе стагнира во редовите на францускиот гигант и потребен му е нов предизвик, а таков би можел да добие следното лето кога му завршува договорот.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


„Се надевам дека Мбапе ќе си замине од ПСЖ. Мбапе стагнира во Париз, му недостига сила и карактер. Често е невидлив на теренот.

Веќе неколку месеци работите во ПСЖ не се добри и затоа мора да замине од клубот. Сите се изморени од приказните дали ќе замине или не. Уморен сум и јас од шпекулациите за неговата иднина. Мора да избере нов клуб за да заврши оваа приказна“, вели Дугари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Србија елиминирана, Словенија во осминафинале

Двата натпревари во Групата Ц завршија без голови, па крајниот исход е таков што Србија ка…